Во текот на целиот ден ќе биде врнежливо. На повеќе места се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен, а во јужните и источните делови од државата и над 25 литри на метар квадратен.
На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Синоптичарите најавуваат и слаб до умерен, а во источните делови на места засилен југоисточен ветер кој доцна попладне ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Според прогнозата на УХРМ, врнежите ќе престанат во вечерните часови, а најдолго ќе се задржат на североистокот.