Партиите денеска со ист став дека во саботата донесениот Законот за финансирање на политички партии предвидува намалување на средствата што се предвидени за политички партии и тоа по 30 отсто за оваа и следната година.
СДСМ, според пратеничката Фаница Николоска, истакна дека ако се спореди со 2019 година токму поради економската криза предизвикана од коронавирусот има намалување со 30 отсто.
-Тоа е со консензус на сите политички партии освен од една која што беше против тоа намалување предложено од другите политички партии. Секако СДСМ како одговорна политичка партија и во изминатиот период и Владата предводена од СДСМ покажа во духот на солидарноста дека е секогаш спремна и Владата да им помогне на граѓаните со предвидување финансиски средства со кој што беа опфатени граѓаните од најранливите категории со изминатите три пакети мерки, сега на ред е и четвртиот пакет мерки, рече Николоска.
Потсети дека СДСМ како политичка партија и дел од функционерите во изминатиот период донирале средства таму кацде што биле најпотребни, но исто така нагласи дека доколку има потреба тие ќе донираат средства за да се помогне и во фондот кој што е отворен за обезбедување на финансиски средства за справување со коронавирусот.
Никола Мицески, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека средствата за политичките партии се намалени и оти опозициските пратеници, онака како што најавиле, учествувале при носењето на законите поврзани со ковид – кризата.
-Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, рековме дека ќе учествуваме активно при донесување на законите за намалување на кризата, како здравствена така економска. Во тие решенија беше законското решение за социјално-загрозените категории, би рекол, и сите оние категории на граѓани, кои што спаѓаат во неа а не се мала бројка. Во тоа законско решение беше и исплаќањето на субвенциите на лозаропроизводителите кои ги очекуваат овие средства во однос на лошата земјоделска односно лоша година која што ја имаа. Меѓу другите, тука беше и законското решение за финансирање на политичките партии. Практично со новото законско решение го намаливе финансирањето на политичките партии, кое што законски е уредено на 70 проценти, за оваа и наредната година или во суштина за 60 проценти намалување на финансирањето на политичките партии во наредните две години, имајќи ја во предвид економската, здравстената криза и она што значи работа на државата во наредниот период, рече Мицески.
Пратениците на ВМРО-СПМНЕ според него, немаат намера да ги повлечат амандманите за Деловникот, и со тоа да го одблокираат носењето на дополнувањето, што би значело и можност за онлајн изјаснување на пратеници со Ковид-19 или во самоизолација.
-Не планираме да ги повлечеме амандманите затоа што во процесот „Жан Моне” ние разговаравме за промена на Деловникот, ја разбираме сложеноста и комплексноста на состојбата меѓутоа 115 пратеници се далеку од доволно за да може Собранието да работи и со физичко присуство, истакна Мицески одговарајќи на новинарско прашање. .
Сведоци сме, додаде тој, дека во саботата седницата помина во најдобар ред имајќи во предвид дека имаше дијалог и заедничка согласност да поминат законите за поддршка односно за субвенционирање на граѓаните. Мицески посочи на отсуство на дијалог и транспаретност на власта по однос на законските решенија.
-Сите законски решенија кои се поврзани со помош и поддршка на граѓаните, економијата и стопанството, како што рековме ќе бидат поддржани од опозицијата. Меѓутоа, закони кои сакаат да се протнат на мала врата и кои немаат допирна точка со овие состојби, потребно е да бидат исдискутирани, поразговарани пред да се најдат на собраниска седница. Деловникот е еден од тие закони кои сакаат на сила да влезе во Собранието. Секое законско решение кое на тој начин, насилнички ќе се проба да се вметне во Собранието ќе го доживее истата судсбина како што ја доживеа и Деловникот, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоска, пак, од СДСМ рече дека тие се отворени за соработка и за разговори, бидејќи на државата и е потребен целосно функционален парламент.
-Сведоци сме дека ВМРО-ДПМНЕ со апсурдни, со бесмислени, смешни амандмани го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Деловникот. Веруваме дека ќе преовлада свеста и кај нив и ќе се удостојат овие измени да ги донесеме затоа што се неопходни и за државата и за граѓаните, рече Николоска.