Костадинов: Не можете да ме дискредитирате, удавени сте во криминал

Пратеникот од СДСМ, Коста Костадинов на Фејсбук им порача на опозициските колеги во Собранието да не прават залудни обиди да го дискредитираат и, ако имате барем еднаш храброст, јавно да ја кажат вистината.
„Мои сограѓани, никогаш не сум говорел јавно за тоа што јас како пратеник од бенефициите кои ги имам на располагање користам, а што не. Гледам ВМРО-ДПМНЕ со Левица, исплашени од вистината која ја зборувам, имаат нов обид за моја дискредитација. Должен сум пред граѓаните да ја говорам вистината!
Вистината е дека Костадинов не користи патни трошоци овој мандат, согласно програмските определби на мојата партија,тоа може да се провери и ги охрабрувам граѓаните, новинарите да побараат од собраниските служби и да се уверат. Вистината е дека Костадинов не ја користи ниту бенефицијата за закупнина за стан преку собранието и тоа секако може да се провери.
Вистината е дека Костадинов не користи ниту службен телефон од Собранието и тоа може да се провери и за тоа ги охрабрувам новинарите или заинтересираните граѓани да го проверат.
Не можете да ме дискредитирате, удавени сте во криминал, удавени сте во злото кое самите си го ширите. Сметав до сега дека нема потреба да говорам јавно, но морало.
Пс.Вистината е дека ќе ја донирам декемвриската плата, вистината е дека донирав и во ковид фондот… Која е вашата вистина, ако имате барем еднаш храброст јавно да ја кажете?, напиша Костадинов.
Треба да знаете
Последни објави