Македонија ќе ги дознае ривалите за квалифиакциите од СП-2022

Во Цирих, вечерва од 18 часот ќе се одржи ждрепката за составот на квалификациските групи од Светското фудбалско првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Катар за првпат во невообичаен есенски термин од 21 ноември до 18 декември.

Македонија која изминатиов месец за првпат обезбеди настап на една завршница и тоа на ЕП-2020, која е поместена за идната година од 11 јуни до 11 јули, за составот на кавлификациските групи во евро-зоната, ќе се најде во четвртиот рејтинг барабан, заедно со селкциите на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург. Овие репрезентации не можат да им бидат ривали на „црвено-жолтите“ во квалифиакцискиот циклус за СП-2022  кој ќе се игра по забрзан ритам, бидејќи натпреаврувачкиот календар беше поместен поради коронавирусот. Првите две кола ќе бидат во март, а последните две во ноември следната година, додека баражите за комплетирање на списокот со патниците од Европа ќе се играат во март 2022 година.

Првопласираните  репрезентации од сите групи ќе се пласираат директно на Мундијалот, додека второпласираните заедно со уште две најдобро рангирани лидери од Лигата на нации (кои не се веќе пласирани) ќе играат бараж. Од тие 12 селекции во плеј-офот, за три селекции е обезбедено место на завршницата во Катар.

 

 

Треба да знаете
Последни објави