Светскиот економски форум (СЕФ) ќе се одржи во Сингапур наместо во Швајцарија следната година, бидејќи пандемијата на Ковид-19 ќе отежне да се осигура здравјето и безбедноста на учесниците во Европа, изјави денеска претседателот на СЕФ Борге Бренде.
Физичката средба во Сингапур ќе биде првиот настан за глобално лидерство што ќе се осврне на заздравувањето на светот од пандемијата, вели СЕФ во соопштението објавено на својата веб-страница, додавајќи дека ќе ги собере лидерите за да се фокусираат на формирање решенија за најголемите итни предизвици со кои се соочува светот.
СЕФ, исто така, наведува дека промената на локацијата го одразува приоритетот на форумот за зачувување на здравјето и безбедноста на учесниците и земјата домаќин. По внимателно разгледување и во светло на моменталната состојба во врска со Ковид-19, одлучено е дека најдобро место за одржување на форумот од 13 до 16 мај 2021 година е Сингапур.