СДСМ и шарените на власт дојдоа со лажни вести големи колку Шар Планина

СДСМ и шарените дојдоа на власт со лажни вести и тоа не мали, туку големи колку Шар Планина, пишува на Фејсбук, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски алудирајќи на студијата од ЕУ за лажни вести во Македонија каде што, меѓудругото како извори на лажни вести се посочуваат опозициски медиуми.

Власта на големо се фали со некаква си студија од ЕУ за лажни вести во која ја опфаќа и Македонија. Меѓу другото како извор на лажни вести ги посочуваат некои опозициони медиуми како што се “Kурир”, „Република“, „Инфомакс“, „Тв Алфа“, некои новинари како и ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицкоски. Бре мајката!!!
Како тоа фејк њуз лиферува само опозицијата и опозицоните медиуми, а власта само убавини кажува. Сдсм и шарените на власт дојдоа со лажни вести и тоа не малку туку големи колку Шар Планина. Да се потсетиме: нели тврдеа дека ќе дознаеме кој го убил новинарот Никола Младенов? Во 2016та велеа дека ќе се згрозиме кога ќе дознаеме што се случило со убиство на 5те момчиња на Смилковско езеро. Лажна вест беше и дека Мартин Нешковски е убиен по наредба на Никола Груевски, а потоа тие убиецот го пуштија на слобода.
Од лажна полажна пропаганда беше за наводно украдени 5,5 милијарди евра. Лага беше и местењето на бројчаникот. После 5 годишни истраги знаете ли зошто не кажуваат кој го направи големото прислушкување? Па не може да го откријат сторителот затоа што Сдсм со нивните пријатели го изврши прислушкувањето. Лажеа и кога велеа дека имаме 130.000 фантомски гласачи во избирачкиот список. Почитувани пријатели така Сдсм доаѓаше на власт. Само со лаги, пропаганда и деструкција. Откако дојдоа на власт најголема лага е паролата живот за сите во Македонија. Кој не лажеше дека ке дојде Фејсбук? Нели требаше да дојде и Гугл? Се сеќавате ли кога Заев со селфи од авион ни порачуваше пукнете ние добивме датум за преговори. Каде е датумот? Мислат ли тие дека заборавивме оти ќе го продаваа блиндираниот Мерцедес за 40 амбулантни возила? Дали Филипче велеше дека во Македонија може да има до 2000 заболени од Корана вирус?
Во моментов активни случаи имаме 22.000, а мртви преку 1900, а вкупно заболени скоро 60.000 граѓани на Република Македонија. Каде е хидроцентралата Бошков мост? Слушнавте ли за градење на браната „Чебрен? Се разбира не. Просечна плата од 500 евра и што ли уште не? Лаги, лаги и само лаги ама тие кутрите живеат во стаклено ѕвоно и свој свет како да се аутистични. Тие само нека уживаат во своите лаги ама се ми се чини дека народот компирите ќе им ги истури за локалните избори.
П.С. Ах заборавив, а каде се студентските домови на Стефан Богоев, каде се затворените базени во Карпош? Каде е паркчето покрај Вардар како најголемо изборно ветување? Сеуште го нема.
Ако ги редиме сите сдсмовци и шарени лажомани кој што се излажал, романот „Војна и Мир“ ќе биде мало бебе, пишува Јакимовски..

Треба да знаете
Последни објави