Филипче на трибина на Форум на жени на СДСМ: Жртвите на семејно насилство не се сами, се грижиме за нив, работиме на спречување на насилството

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче на онлајн трибината:Молкот не е решение” истакна дека е многу важно жртвите на семејно насилство, жртвите на родово – базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами, дека има кој да ги заштити и кој да се грижи за нив.
Тој сподели податок дека на Клинката за психијатрија говорат дека бројот на пациенти коишто се јавуваат како резултат на психичка траума заради семејно насилство од почетокот на годината до сега во споредба со изминатата година е зголемен за 30 отсто.
Филипче порача дека центрите наменети за третман на жртвите од сексулано насилство со мултисекторски пристап се исклулително важни во згрижувањето, пристапот кон жртвите и понатамошно процесуирање, особено затоа што во овие центри работат медицински лица, социјален работи, а вклучено е и министерството за внатрешни работи.
Заборувајќи за досегашните искуства, претседателот на Комисијата за здравство истакна дека законите со кои се спречува и санкционира семејно насилство се добри, но треба да се поработи на довербата.
„Главниот проблем со којшто се соочуваме е доврбата. Многу тешко е да дојде жена и да признае дека резултат зна тоа за што се јавува на лекар е насилство. Многу често лекарите се ставени во ситуација да инсистираат и да пробаат да земаат што подетални податоци за да стигне до вистината. Се случува дури жените да признаат па кога ќе дојде моментот дека треба да се повика полицијата и тогаш повторно да се повлечат па дури и да избегаат од болницата. Што значи дека треба да поработиме процедурите, треба да поработиме на тоа тие да се променат согласно карактеристиките културолошки на населението согласно искуствата што ги имаме досега од овие центри”, рече министерот Филипче.
Тој најави дека со поддршка од меѓународните организации ќе се отвораат и нови вакви центри.

 

Треба да знаете
Последни објави