Во центрите во болниците низ земјава, како што беше соопштено вчера, е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид – центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во ковид-центрите во Скопје, според информациите од вчера, за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент.
Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид – центарот на Клниката за неврологија, еден болен е хоспитализиран на ОРЛ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и девет пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември” имало 11 нови приеми на пациенти, а 12 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 27 болни.
На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни. Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, вчера изутрината до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември”. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.
Вакцинацијата се најавуваа за следната година. Вакцините, како што соопштија од Министерството за здравство, треба да стигнат во првите месеци од 2021 година. Здравствените домови почнуваат со подоготвки за процесот на вакцинација.
Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, со што, како што наведоа од владината прес-служба, се потврдува намерата на Министерството за здравство за учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19.
Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000 денари, од кои 69.722.000 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против КОВИД-19.