Владата го одобри нацрт-законот за систематизација на административните службеници

Владата на 26. седница го усвои нацрт-законот за систематизација на административните службеници вработени преку програмата за правична и соодветна застапеност, Програма К- 5.

Целта на законот е, соопштија денеска од Сектор за односи со јавност на Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се оствари програмата на владата без никакви дополнителни финансиски импликации.

– Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот, се наведува во соопштението.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, стои во соопштението, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените.

Треба да знаете
Последни објави