Големата полициска акција вечерва во Арачиново предизвика вознемиреност кај јавноста.
При тоа се проширија дезинформации за пукање и престрелки со полицијата, кои како што дознава 24 Инфо не се точни.
Полицијата вечерва во селото го пронајде и заплени камионот со два тона канабис украден од фабриката за преработка на марихуана во Јосифово.
Поради безбеднисни причини, но и за да се избегнат евентуални проблеми со населението биле ангажирани специјалните сили.
За време на акцијата полицијата вршела претрес на сите возила кои влегувале и излегувале од Арачиново.
При тоа во едно од возилата биле пронајдени два “калашникови” кај две лица, но сопствениците на пушките најверојатно не се поврзани со уапсените крадци на канабисот.