Италијанскиот шампион го торпедираше каталонскиот гигант на негов терен со 3:0 и дојде до идентично бодовно салдо од по 15 освоени бода. Роналдо со два гола од пенал му ја донесе победата на гостинскиот тим, а еден прекрасен погодок постигна и МекКени.
Во меч кој одлучуваше за пласман во осминафиналето, германски РБ Лајпциг водеше протиов Манчестер Ј со 3:0 до 80. минута. Германците беа подготвени за прослава, но дојде пенал за гостите кои преку Фернандеш намалија на 3:1, а само две минути подоцна преку Погба се доближија и на 3:2. И покрај иницијативата, Манчестер Ј. не успеа да израмни и сега ќе чека разврска на дуелот во Париз.
Вториот меч од оваа група, кој имаше иста важност како и претходниот беше прекинат. При резултат 0:0 во Париз, четвртиот судија на мечот го навредил на расна основа помошниот тренер во Истанбул, по што играчите решија да го напуштат теренот. УЕФА ќе мора дополнително да се произнесе по овој случај.
Динамо (К) успеа со 1:0 да слави над Ференцварош и да го обезбеди 3. место во својата група кое му обезбеди пласман во ЛЕ. Севиља беше сигурна во Франција кај Рен, додека Челзи одигра само 1.1 со Краснодар дома.