Одбележување на 8 Декември – Св. Климент Охридски

По повод празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски, делегација на Владата, во чиј состав ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски”.

Пред споменикот цвеќе ќе положи и делегација на Собранието, во состав од пратениците Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

Треба да знаете
Последни објави