Доколку им верува на португалските медиуми, македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во зимскиот преоден рок може да ја смени клупската средина. Од Неапол да се пресели Лисабон.
Португалскиот гигант Бенфика се заинтересирал за услугите на еден од најдобрите македонски фудбалери, а во офанзива по неговиот потпис ќе тргне уште во јануарскиот преоден рок. На една емисија на „ТВИ24“, двајца новинари ја пуштија во јавност оваа информација.
Тие тврдат дека стратегот на клупата на Бенфика, Жорж Жесус имал високо мислење за Елмас и во неговите услуги гледа како идеално решение за офанзивните проблеми на тимот. Наводно, од раководството на клубот веќе добил одредена сума за засилувања во јануари, а прва цел ќе биде токму македонскиот репрезентативец.
Елмас, во летото 2019 година за сума од 16 милиони се пресели од турскиот Фенербахче во редовите на италјанскиот Наполи.