ООУ „Свети Климент Охридски“ од Бутел денеска го слави својот патрон празник.
-71 годишното постоење ни два право да се идентификуваме со ликот и делото на Климент Охридски. И во услови на пандемија, со бројни активности достојно го одбележавме празникот под мотото „И јас сум Климент“. Покажавме дека и со дистанца, и од дома, и од училница може да БИДЕМЕ и да се РАДУВАМЕ заедно. Во еден миг бевме сите сплотени: И Министерката Мила Царовска и Градоначалникот Велимир Смилевски и вработените и сите ученици.
Со мотото “И ЈАС СУМ КЛИМЕНТ” го даваме одговорот кои сме ние!
Уживајте во глетката бидејќи е преполна со љубов, посветеност и празнична енергија.