Денес ќе зборувам за економијата. Ветуваа живот донесоа рецесија. Ветуваа економски бум донесоа сиромаштија. Животот го има на прес-конференциите, изјавите, разубавените вести, но во реалноста шамар, изразен во економска рецесија. Рецесијата значи економско фијаско на Заев, истакна на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Еве и зошто новите податоци за економијата се катастрофални:
1. Имаме подлабок пад на економијата за 2020 година од очекуваниот – тоа покажува на неуспешно справување со економска криза!
ü Пад од 5,9% на економијата во трите квартали на 2020г. во однос на истиот период во 2019. Нашата проекција уште од март оваа година беше дека треба да се очкува длабок пад на економијата од над 5%. Да ја проценија длабочината на кризата, ќе ја проценија и длабочината на мерките за спас на економијата.
ü Викаа пад од 3,4%, па корегираа пад од 4,4%. Викаа мерките спречиле намалување на негативните ефекти врз економија, биле успешни. Каде е успешноста ги прашувам? Каде е 1 милијарда евра за економијата и помош на компаниите кои ги најавуваше Заев? Парите се потрошени но, не за бизнисот и економијата.
ü Последните бројки за БДП се доказ дека сѐ беше шминка и лага. Немаше 1 милијарда, немаше соодветна реакција, имаше само трошки за помош на економијата. Парите се потрошија, но бесцелно. Само 8,4% од цели 4,1 милијарди евра расходи за 2020 година. Нашите повици за посилна реакција и спас на економијата беа реални, нашата реакција за катастрофата кај капитални инвестиции беше реална, нашиот повик да штедат на непродуктивни и неразумни трошења во сред криза, а да трошат повеќе фирмите и населението беа разумни.
ü Сега имаме буџетска дупка од 920 мил. евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од 60% од БДП – кое станува критично, а имаме пад на македонската економија од високи 5.9%.
2. Реален пад на бруто инвестициите со три квартали од 8,8% на годишна основа – повисок пад имаме сега кај инвестициите, од падот на инвестициите за време на интерниот воен конфликт во 2001 година кога падот бил 6%.
3. Имаме катастрофална реализација на капиталните трошења и по две кратење со ребалансите – историски најниска. Заклучно со октомври има реализација од 151 милион евра од план 310 милиони евра со вториот ребаланс. Ни 50% од втор ребаланс, а од првиот буџет реализација е само 39%. Тотална неспособност за реализација на капитални инвестиции. Образложението дека кратењата за капитални трошења се насоочуваат за помош на економијата се лага и манипулација. Можеа да кратат на непродуктивни трошења и да намалат поткуп на избори.
4. Немаме привлекување туку одлив на инвестиции. Нето-одлив на СДСМ два квартала по ред – немаат компас, па камоли јасна стратегија за странските капацитети во државата и нивното значење за понатамошниот период. Нето одлив од 32 милиони евра за два квартала.
5. Намалување на бројот на вработени и зголемување на невработеност – која не сакаат јасно да ја согледаат. Манипулација е интерпретацијата на податоците дека се намалува стапка на невработеност. Над 50 илјади граѓани ги загубија своите работни места во последните 10 месеци. Манипулираат со стапката на невработеност ги префрлаат во неактивни баратели на работа поради што пресметката е комплетно различна и не соодветствува со реалноста.
Викавме да се зголемат средствата за Агенција за вработување да се пролонгира периодот на добивање на помош.
6. Значајно потфрлање на приходите во буџетот за 2020 година и не реален буџет за 2021 година.
Буџетот до крајот на 2020 година ќе има помалку 100 до 130 милиони евра приходи. Утната проекција од старт, утната и со најскорешни податоци со ребаланс 2. Викавме дека не е реална дека треба реално да проектираат – за да знаат што имаат реално расположливо за трошење.
Умираме како нација со вакво водство, ни умира и македонската економија со вакво водство. Не само што ја губиме државата, ја губиме и егзистенцијата.