ЕХФ одреди нов термин, Вардар му гостува на ПИК Сегед на 22 декември

Македонскиот и сè уште актуелен европски ракометен првак Вардар 1961 ќе одигра уште еден натпревар во Лигата на шампиони до крајот на оваа календарска година.

Одложениот натпревар од 3. коло од групната фаза во елитното натпреварувае во кој Вардар му гостува на унгарски ПИК Сегед е презакажан за 22 декември.

– ЕХФ заедно со клубовите го договори терминот за одигрување на средбата што првично беше одложена поради карантинот на домашната екипа и истиот ќе се игра во вечерен термин, од 20,45 часот, соопшти Вардар 1961.

Избраниците на Стевче Алушовски деновиве треба да се вратат во тренажен процес, откако ќе заврши задолжителниот карантин по неколкуте случаи на заразени ракометари со коронавирус во таборот на „црвено – црните”.

По пет одиграни кола во А-групата во Лигата на шампиони, скопски Вардар 1961 е шестопласиран со три бодови, додека ПИК Сегед е место подоле на табелата со два бода.

Треба да знаете
Последни објави