Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на прес-конференција пред натпреварот од 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Борусија Менхенгладбах одговори на прашањето за негов можен отказ.
По пет кола, Реал е трет во Б-групата со 7 бода.
– Натпреварот против Борусија ќе биде посебен, бидејќи знам со каков квалитет располагаат двете екипи. Сакаме да победиме, да освоиме три бода и да го заземеме првото место. Ова е она што го имаме предвид. Ниту јас, ниту играчите не размислуваме за Лига Европа. Тоа не е опција, не нè засега нас. Дали би бил изненаден да ме отпуштат во случај да не ја поминеме групата? Клубот, како и секогаш, ќе го направи она што смета дека е правилно. Не мислам на тоа, истакна Зидан.
Натпреварот Реал – Борусија ќе се игра утре (9 декември) во Мадрид.