Излекуваните од Ковид-19 имаат долгорочен имунитет

Истражувањето на Универзитетската клиника во Инсбрук покажува дека излекуваните луѓе од новиот коронавирус имаат стабилен, долгорочен имунитет и не треба да стравуваат од нова инфекција или мутација.

– Во студијата учествуваа 29 лица на просечна возраст од 44 години и сите во март беа заболени од Ковид-19, изјави раководителот на истражувањето Флориан Дајзенхамер.

Тој наведе дека кај учесниците се откриени антитела и по шест месеци, што укажува на константен, стабилен, долгорочен имунитет.

– Постојат сите елементи на заштитниот имунитет. Резултатите од студијата на Инсбрук се идентични со меѓународните сознанија, посочи Дајзенхамер при тоа потсетувајќи оти на Исланд и во Њујорк дошле до ист заклучок.

Тој посочи дека излекуваните лица не мора да се плашат од повторна зараза, но оти постојат исклучоци, кои не се правило.

Треба да знаете
Последни објави