Соопштение за јавност – реакција на обраќање на Христијан Мицкоски
Народот е обединет околу македонската иднината во ЕУ, а Мицкоски е изолиран на спротивната страна. Хистеричниот лажго, Мицкоски, има проблем со самиот себе си, со тоа што ги лаже граѓаните, кочи и блокира, со тоа што едноставно не го бива за ништо освен да прави штета на државните и националните интереси.
Затоа неговиот денешен повик не е ништо друго освен лицемерие, потценување на граѓаните. Со кое лице Мицкоски ги повикува семејствата на починатите од коронвирусот да му се приклучат, додека негови пратеници во Собранието го кочат Законот за здравствена заштита, додека секоја вечер лично тој и неговите послушници ги кршат мерките за заштита, додека членови на неговата младина тераа морбидна кампања и се исмеваа со жртвите од коронавирусот.
Со таквиот однос, Мицкоски уште долго ќе биде сам и изолиран, граѓаните се определени за европска иднина, за напредок и интеграција и добро знаат дека тоа со Мицкоски не е можно, затоа тој и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе се во опозиција



