Мицкоски до Пендаровски: Проблем е кога претседател на држава не разликува меѓународни институции и пропушта прилики за одење напред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицкоски преку Фејсбук му одговори на претседателот Стево Пендаровски, кој изјави дека Мицкоски бил на лидерската средбата на која било одлучено дека на земјава не и е потребно членство во ЕЕЗ.
„Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада? Не, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина! Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди? Да секако!
Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус? Очигледно дека не!
Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата. Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера, напиша Мицкоски.
Треба да знаете
Последни објави