Откако синоќа се појави информацијата дека португалскиот гигант Бенфика за приоритет го ставил Елмас за засилување, „орлите“ не биле единствените што сакаат да го ангажираат македонскиот репрезентативец, туку понуди и тоа конкретни имало и од Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и англиски Лидс, каде член е македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски.
-Не разговараме со никого, ниту ќе има преговори. Елмас останува во Наполи. Можевме добро да заработиме после инвестицијата од 16 милиони евра после две години ‘амортизација’, имавме понуди од 25-26 милиони евра. Бенфика, Лидс, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд се клубовите што понудија за Елмас, вели Џинтоли за италијанските медиуми.
Елмас дојде во Наполи лани за 16 милиони евра плус бонуси од турски Фенербахче и веќе има 45 настапи за италијанскиот калчолигаш, а многу клубови се заинтересираа за него зашто може да игра на секоја позиција во средниот ред и тој има само 21 година и е голема иднина.