Нов дрворед со 200 дрвја на Втора македонска бригада во Чаир

Новиот кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула денеска е раззеленет со 300 садници, а на улицата Втора македонска бригада е подигнат нов дрворед со над 200 висококвалитени дрвја. На денешното раззеленување во Чаир присуствуваше градоначалникот Шилегов.

– Продолжуваме со зазеленувањето на парковите и подигнуваме нови дрвореди на градските улици и булевари. Есенското раззеленување се одвива секојдневно низ цело Скопје и вкупното садење ќе биде околу 15000 висококвалитетни садници што веднаш се вклучуваат во екосистемот на нашиот град. Некогашните депонии сега ги претвораме во паркови, го обновуваме зеленилото на постојните паркови, а садиме ново и го обновуваме и постојното булеварско зеленило коешто сами можеме да ја видиме разликата како изгледа во последните неколку години – рече градоначалникот Петре Шилегов на прес конференцијата.

Град Скопје согласно новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди составени од квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на главниот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.

 

Треба да знаете
Последни објави