Општина Кисела Вода: Нека ни е честит и вековит христијанскиот празник Св. Климент Охридски

На денешниот христијански празник, се потсетуваме на огромното дело на Св. Климент Охридски, на големиот словенски просветител, кој бил еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј.
Свети Климент бил прв словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа која била и прв словенски универзитет, во кој се верува дека за просветителската христијанска мисија се подготвиле околу 3.500 ученици.
Нека е честит патронот на Македонската православна црква, Св. Климент Охридски!
Нека ни е честит и вековит христијанскиот празник Св. Климент Охридски! – се вели во честитката од општината Кисела Вода.
Треба да знаете
Последни објави