Пирло смета дека Меси има психолошки проблем

Капитенот на Барслона и на аргентиската фудбалска репрезентација Лионел Меси во последно време не е во добра форма, а на таа тема говореше и тренерот на италјанскиот првак Јувентус, Андреа Пирло, во пресрет на вечершниот меч со шпанскиот гигант на „Камп Ноу“ во рамките од последното коло во групата на Лигата на шампионите. Оваа пресметка меѓу барселона и Јувентус ќе одлучи кој ќе заврши првопласиран, а кој како втор ќе патува во осминафиналето ќе има на хартија потежок противник.

Пирло мисли дека проблемот на Меси не е фудбалски, туку од психолошка природа.

-Меси се наоѓа во посебен момент во животот, поради проблемот кој го имаше летоска. Го мачи тоа дали ќе остане во Барселона или не. Тој е феномен, и сезонава ја покажа својата играчка вредност, и мислам дека има повеќе психолошки отколку фудбалски проблеми – изјави Пирло на прес-конфернција во пресрет на вечерашниот меч на кој Јуве за да биде прв, мора да победи со најмалку два гола разлика.

Треба да знаете
Последни објави