Саутемптон го победи Брајтон со 2:1 на гостувањето во 11. коло од англискиот фудбалски шампионат. „Светците” станаа 11-от тим кој има собрано над 1.000 бода во Премиер лигата во нивната историја.
На оваа листа се и Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Астон Вила, Тотенхем, Евертон, Манчестер сити, Њукасл и Вест Хем.
Оваа сезона, Саутемптон е петти во Премиер лигата со 20 бода.