ВМРО ДПМНЕ и Гордана Кочовска Димитреска се последните кои можат да зборува за справување со последиците од кризата предизвикана од коронавирусот, се вели во реакцијата на владеачката СДСМ по изјавата на прес-конференцијата од Гордана Димитриевска Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Истата таа Кочовска – Димитриеска како дополнителна заменичка министерка за финансии со месеци кочеше заем од Светска банка, средства наменети за инвестиции во здравствениот сектор и за помош на најранливите. Ете зошто Кочовска денеска лаже дека е наводно загрижена за економската и здравствената состојба.
Ако Кочовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат оваа година се случува светска економска криза од која не е поштедена ниту една држава, вклучително и најсилните светски економии.
Проекциите уште на почетокот на кризата беа дека оваа година ќе биде година на рецесија. Владата, надлежните институции стануваат на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4 проценти, она што охрабрува е тоа што индустриското производство е во нагорна линија и е во фаза на опоравување.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која цела година ги плаши граѓаните со некакви апокалиптични сценарија, Владата предводена од СДСМ во контиуитет презема мерки за спас на работните места, помош на најранливите со цел брзо надминување на економските последици од коронвирусот.
Во таа насока е и Буџетот за 2021 година кој е развоен, обезбедува стабилизација и нуди можности за рестарт на македонската економија.
Истовремено, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ не гледаат ништо освен деструкција, а опозициската партија е единствената која се радува што државата е во рецесија.