Скопјанка завршила во болница откако паднала во автобус на ЈСП, информирашее МВР.
-Синоќа во 19 часот било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, додека Ш.Ш.(64) од Скопје се превезувала во автобус „ман”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП, управуван од Б.Х.(29) од с.Рашче, скопско, паднала во внатрешниот дел на автобусот, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.