Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев остана на клупата за резервни играчи во синоќешното драматично реми од 1:1 на Џенова на гостувањето кај Фиорентина.
Џенова беше на чекор до прв триумф во италијанското првенство од крајот на септември благодарение на голот на Хрватот Марко Пјаца во 89. минута, но радоста на тимот на Пандев ја ускрати српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ длабоко во судиското продолжение (90+8.минута).
По десет одиграни кола во Серија А, Џенова е на претпоследното 19. место со шест бодови, а во следното коло го пречекува актуелниот првак Јувентус.