221 санкционирани  возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерки, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирани возила, 9 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 17 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 10 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 45 мерки за непрописно паркирање, 32 возила се подигнати со „пајак“, 21 санкција за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави