Турските власти денеска упасија 198 луѓе, од кои најголемиот број припадници на армијата под сомнение дека одржувале врски со проповедникот Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за поттикнување на неуспешниот воен удар во јули 2016 година. Апсењата се спроведени по налог на Канцеларијата на обвинителот во Измир, кој издаде налози за апсењена 304 лица осомничени дека имале телефонски разговори со Ѓулен. Помеѓу осомничените 295 се припадници на армијата.
Во друга операција исто така насочена кон приврзаниците на Ѓулен во Анкара се уапсени 21 лице, од кои најголемиот број се воени лекари.
За Анкара, Ѓулен, кој изминатите 20 годии живее во САД, раководи со мрежа, која е инфилтрирана во турските институции со цел да се собори турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ѓулен демантира каква било вмешаност во неуспешнио пуч од 2016 година.
Повеќе десетици илјади луѓе се уапсени, а над 140.000 добиле отказ под обвинение за вмешаност во обидот за воен удар во 2016 година.
Кон крајот на ноември 337 лица, помеѓу кои офицери и пилоти осудени се на доживотна казна затвор.