Во последните 24 часа забележани се 2.613 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни е 21.685. Починаа уште 65 пациенти или вкупно 2.298.
На болничко лекување се 2.660 пациенти, а од нив 278 на репсиратор.
До денеска забележани се 154.852 заразени, а оздравеа 130.869. Тестирани се вкупно 825.023, од кои 8.782 во последните 24 часа.