На 07.12.2020 од полициски службеници од СВР Тетово, при контрола на угостителски објект на ул.„Браќа Миладинови“ во 22.30 часот, сопственост на З.А.(52) од Тетово, било констатирано дека објектот работи и во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата на РСМ за работно време на угостителските објекти. Исто така, во објектот биле затекнати 14 странски државјанки (седум од Р.Албанија, шест од Р.Србија и една од Р.Косово). Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во полициска станица бил приведен и сопственикот З.А. и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 206 од Кривичниот законик. За настанот бил запознаен Јавен обвинител.