Поранешната претседателка на албанскиот Парламент и екс висок функционер на Демократската партија (ДП), Јозефина Топали, која деновиве ја регистрира партијата Движење за промени, изрази огорченост од актулениот лидер на ДП, Љуљзим Баша, нагласувајќи дека ги предал, прво членовите на партијата, а потоа и својата земја.
Топали, која ја нарекуваат албанска челичната лејди, поради нејзината одлучност и цврсти ставови, категорично рече дека сè додека Баша е во опозиција, премиерот Еди Рама ќе биде премиер.
– Немам желба да разговарам со Љуљзим Баша. Тој ја предаде земјата,зашто ако имавме некорумпирана опозиција со мисија на опозиција денес немаше да го имаме Еди Рама за премиер. Сè додека Баша е на функцијата претседател на ДП, Еди Рама ќе биде во Влада, рече Топали..
Таа додаде дека не ни помислувала оти ДП ќе се претвори во затворена политичка сила со затворање на моралната картичка.
– Во земјата има 33 отсто екстремна сиромаштија, а 60 отсто од сиромашните не можат да си дозволат доволно леб. На прво место во светот сме каде младите ја напуштаат земјата. Најголемата одговорност е на премиерот. Стуацијата е во целосна спротивност со она што тие го велат, а го потврдуваат фактите, ставовите, одлуките, кои покажаа дека имаме недостиг на владеење, немаме опозиција, имаме стареење на популацијата, несигурност што го натера секој Албанец да изгуби надеж дека оваа ќе ја биде, рече Топали гостувајќи во емисија на Топ чанел телевизија.
Според неа Албанците бегаат од земјата затоа што Владата не им дава ништо за да се соочат со иднината во нивниот дом, тие немаат надеж, политиката не дава надеж и затоа ја донесуваат тешката одлука да го напушти својот дом и да заминат низ светот.
Таа оцени дека партијата Движењето за промени, чиј лидер е таа, ќе и донесе надеж на Албанија и оти главната цел е соборување на полтички фигури кои се во албанската политика три децении.
Топали (57) се повлече од политиката пред последните парламентарни избори во 2017 година, поради незадоволство од начинот на водење на партијата.
Освен неа пред четири години партијата ја напушти и поранешниот генерален секретар, Астрит Патози, потоа поранешниот претседател на Албанија, Бамир Топи, како и Рудина Хајдари, кои формира политички партии.