Шеесет и пет години од настанокот на европското знаме

Знамето на Европска Унија денеска го прославува својот 65. роденден.

Дизајнот на знамето, сина позадина и круг од златни ѕвезди во средината е усвоен на 8 декември 1955 година од страна на Советот на Европа.

Европскиот совет во 1985 година го прогласи за знаме на тогашната Европска економска заедница, претходничка на денешна ЕУ.

Една година подоцана на 29 мај 1986 година синото знаме со 12   златни ѕвезди првпат беше поставено пред седиштето на Европска комисија во Брисел.

Кругот од 12 ѕвезди во средината на знамето ги симболизира единството, солидарноста и хармонијата помеѓу народите во Европа и не е поврзан со бројот на земји-членкина ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави