Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше „жртва“ на скриена камера на италијанската телевизија Медиасет. Во целата „местенка“ во која учествуваа и капитенот на Џенова, Доменико Кришито како и агентот на нашиот репрезентативец, Леонардо Корси, кулминацијата беше кога Корси му се јавува на Пандев и го известува дека управата на клубот решила да го продаде во клуб во Индија.
Иако Пандев на почетокот беше сигурен дека е шега…
„Ајде Корси доста… Да не си полудел? Да не си пијан? Што зборуваш“ – најпрво му одговара Пандев на Корси.
Но, потоа почна и да се сомнева откако ја слушна и сумата која би ја заработил, 72 милиони евра за три сезони со бонус од 10 милиони евра ако се оствари одреден посакуван резултат. Во тие моменти Пандев почнува и да коментира со присутните соиграчи.
-Ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста, реагираше Пандев до своите соиграчи.
Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.
Комплетното видео може да го поглднете на следниот линк.