Четири лавови во зоолошката градина во Барселона се позитивни на коронавирус, соопштија шпанските ветеринарни власти.
Три женки по име Зала, Нима и Ран Ран и еден мажјак по име Кијумбе биле тестирани откако покажале лесни симптоми, јави Би-би-си.
Двајца вработени во зоолошката исто така биле позитивни на вирусот, соопштија од службата за односи со јавност.
Во тек е истрага за да се утврди како се заразиле животните, но се смета дека тие можеби биле во контакт со асимптоматски член на персоналот.
Чуварите, наводно, им правеле стандарден ПЦР тест на четирите лавови, истиот метод што се користи кај луѓето, затоа што тие се навикнати да имаат близок контакт со вработените.
Животните покажале симптоми поврзани со респираторниот систем, соопштја претходно од зоолошката градина во Барселона. Повеќето од симптомите исчезнале по кратко време освен послабо кашлање и кивање.
Сега лавовите добиваат лекови и нивната состојба внимателно се следи.
„Лавовите добија ветеринарна нега за нивната лесна клиничка состојба – слична на многу лесна состојба на грип и тие добро реагираа“, се вели во соопштението.
Ова е само втор познат случај во кој големи мачки се заразени со коронавирус.
Вработените во зоолошката градина во Барселона контактирале со колеги во зоолошката градина во Бронкс во Њујорк, каде што во април беше забележан првиот познат случај кога четири тигри и три лава беа позитивни на коронавирус.