Хитмејкерот Роби Вилијамс тврди дека некои луѓе сакале да го претепаат и дека неговиот живот бил во опасност откако стана музичка ѕвезда со Take That во 90-тите.
Роби гостуваше во подкастот Happy Place на пејачката Ферн Котон.
Потсетувајќи се како неговиот живот се променил по славата, Роби рече: “Јас доаѓам од Стоук. Го сакам мојот роден град, но кога бев многу млад не можев да излезам надвор“.
„Луѓето сакаа да ме тепаат каде и да одам. Дури во еден момент, за мене имаше и нарачано убиство, за кое никогаш не сум зборувал “.
Роби признава дека се борел да се справи со сите пропратни ефекти кога бил во центарот на вниманието и желбата за „враќање во нормалност“ и покрај неговиот музички успех.