Израел ја прими првата пратка од вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Израел ја прими првата пратка oд вакцината против коронавирус на „Фајзер“ еден ден порано од најавеното, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Фајзер и нејзиниот партнер „Бајонтек“ минатиот месец се согласија да му дадат на Израел 8 милиони дози вакцина, која прва ја примени Велика Британија.

Израелскиот министер за разузнавање Ели Коен претходно оваа недела рече дека првата серија вакцини ќе пристигне во Израел о четврток за да се вакцинираат најнапред старите лица и ризичната популација.

Израелските медиуми објавија дека пратката што пристигна денес ќе биде мала и ќе се користи за пробно тестирање на постапките за транспорт и складирање, додека поголема серија што содржи 110.000 дози ќе пристигне в четврток.

Треба да знаете
Последни објави