Кристофер Нолан го критикува „Ворнер Броз“ за одлуката за стриминг

Филмскиот режисер Кристофер Нолан ги критикуваше плановите на „Ворнер Броз“ истиот ден да ги објави своите филмови од 2021 година во киносалите и на својата стриминг-платформа „ХБО макс“, велејќи дека студиото требало прво да се консултира со режисерите.

Нолан, чиј епски трилер „Тенет“ беше објавен од „Ворнер Брос“ на почетокот на оваа година, рече дека трудот на врвни таленти се користи „како лидер за загубите на стриминг-услугата“.

„Постојат многу контроверзи и полемики бидејќи тие никому не кажаа за ваквата одлука“, рече Нолан во ТВ-емисијата „Ентертејнмент тунајт“ во понеделникот.

Минатата недела, „Ворнер Броз“ соопшти дека сите негови филмови од 2021 година, вклучително и потенцијалните блокбастери како „Годизила против Конг“ и „Одред самоубијци“, ќе бидат достапни на „ХБO макс“ еден месец, почнувајќи од истиот ден кога ќе се појават во киносалите.

„Имаат некои од врвните филмаџии во светот, имаат некои од најголемите светски sвезди кои работеа со години на овие проекти многу блиски до нивните срца, овие проекти требаше да бидат искуства на големото платно “, рече Нолан.

„И сега тие се користат како водач на загубите на стримерот, за нова стриминг услуга, без никакви консултации“.

Треба да знаете
Последни објави