Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека властите во земјата нема да можат да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година, со цел да се направи пресврт во текот на пандемијата. Таа пред Бундестагот истакна дека би било можно да се намали смртноста, додавајќи дека ќе ги преземе сите мерки да ги одржи училиштата и градинките отворени.
Меркел се согласува со препораките за затворање на продавниците во периодот од Божик до 10 јануари, несогласувајќи се со отворање на хотелите, со цел да се спречи патувањето на семејствата кои сакаат да ги посетат роднините за време на празникот.
Германската канцеларка нагласи дека досегашното искуство покажало оти вториот бран на пандемијата „е посилен отколку првиот”, додавајќи дека се уште има голем број заразени со Ковид-19 во Германија.