И покрај бранот врнежи што ја зафати земјава, нивоата на реките се под просекот за декември. Без поголеми промени се и водостоите на Охридското и Преспанското Езеро кои, исто така, се пониски од декемвриските просечни вредности.
Според денешните хидролошки мерења, драстичен пад бележат Вардар кај Велес, Треска кај Македонски Брод и Црна Река кај Новаци.