Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт на денешното сослушување пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот конгрес, одговараше на прашања од конгресмени за американската политика на Балканот, пренесува МИА.
Таа смета дека треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ.
,,Мислам дека е целосна трагедија тоа што после долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, поради домашни причини, истакнаа такви барања за Македонија. Затоа треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ, изјави Олбрајт
На прашање од конгресемнот Грегори Микс, демократ од Њујорк, како новата администрација на Џо Бајден и Камала Харис треба да работи со Брисел за земјите аспиранти во ЕУ да не останат во чекалната поради своите соседи, а со оглед на блокадата што Бугарија ја постави за Македонија поради прашања за нацијата и јазикот, таа рече дека новата администрација треба да работи на тоа прашање.„
„Мислам дека тоа е многу важно прашање што ги подвлекува нашите напори на балканот, а тоа е да постои соработка на економски и политички план – изјави таа.