Најмалку еден човек е повреден во пожар, што избил на наоѓалиште за нафта во рускиот регион Оренбург.
Како што е соопштемно за ТАСС од руското Министерство за вонредни ситуации, во гаснењето на огнот учествувале 50 лица и 14 единици со техничка опрема. Според официјален претставник, пожарот не претставува закана по локалното население.
Во тек е истрага за причините за пожарот.