Русин обвинет за шпионажа во Данска

Русин кој живее во Данска е обвинет за шпионажа, пренесе Ројтерс. Во обвинението се наведува дека Русинот издавал информации за данската енергетска технологија на руската разузнавачка служба, рекол јавниот обвинител на Данска.

Русинот е во притвор од јули 2020 година, додал обвинителот.

Руската амбасада во Копенхаген обвинувањата за шпионажа против рускиот државјанин ги оцени како погрешни и очекува тој да биде ослободен.

Данска засега не одговара на очекувањата на Русија да го ослободи рускиот државјанин.

Треба да знаете
Последни објави