Чувар на железничка станица во Бања Лука си ја скршил ногата бегајќи од мигранти

Чувар на железничка станица во Бања Лука, бегајќи од група мигранти кои го опколиле, ја скршил ногата, пренесоа тамошните медиуми.

„Независне новине“ пишува дека синоќа околу 20 часот, при редовна обиколка во областа на станицата, чуварот слушнал плач на дете, но тој не можел да претпостави што ќе се случи понатаму.

„Обидувајќи се да го лоцира точното место од каде што се слушал детскиот плач, чуварот зачекорил меѓу шините на кои иамло стари железнички вагони и забележал група мигранти, кои брзо го опколиле“, ијзавиле за весникот претставници од железницата на Република Српска.

Чувствувајќи се под закана, чуварот имал намера да повика полиција, но не успеал затоа што групата мигранти од пет помлади мажи го опколиле и му се заканувале, но без контакт.

Кога успеал да избега, чуварот паднал и ја скршил ногата, но успеал да го повика персоналот на станицата, кој потоа повикал полиција.

Полицијата на местото пронашла група мигранти, пет мажи, една жена и едно дете, а настанот се расчистува во соработка со центрите за странци во Бања Лука.

Треба да знаете
Последни објави