Штрајк на вработените во грчките телевизии и во државната агенција

Вработените во сите грчки национални и локални телевизии, во сите канали на државната телевизија, радиото и интернет страницата на ЕРТ, во државната новинска агенција АНА-МПА, како и вработените во Генералниот секретаријат за медиуми, од вчера попладне стапија во 24-часовен штрајк поради новиот предлог законот на Владата. Во Грција до 18 часот нема да се емитуваат вести на телевизиите, ниту пак информативни емисии, а новинската агенција АНА-МПА не објавува и не дистрибуира вести.

Од здруженијата на новинари и вработени во медиумите велат дека „во време на пандемија и пред Божиќ, ненадејно и со експресни процедури, ставен е на консултации предлог законот од надлежниот министер Стелиос Пецас, што вклучува одредби кои се закана за работните односи и права и носи намалување на работните места и масовни отпуштања”.

Бараат веднаш да се повлечат конкретните одредби од законот и Владата да започне дијалог со инволвираните страни.

Во текот на денешниот ден, координативната комисија на вработените во медиумите ќе оствари последователни средби со лидерите на политичките партии за да ги информираат за нивните барања.

Треба да знаете
Последни објави