Бугарското министерство за надворешни работи остро возврати на изјавата на македонската Влада во која ветото на Софија за почеток на преговорите со ЕУ беше наречено „неодговорна стратешка грешка“, пишува софиски Дневник.
-Со наследен тоталитарен историски наратив тешко ќе се дојде до поддршка од Бугарија. Време е Владата на Република С.Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и на идентитетот на граѓаните на Република С.Македонија или на нивното право да го именуваат својот јазик како што сакаат, се вели во реакцијата на МНР.
Република Бугарија е најсилниот поддржувач на европската интеграција на Западниот Балкан и во тој контекст и на Република С.Македонија. Во оваа фаза, Преговарачката рамка не ги содржи гаранциите, што нашата држава ги бара за да го поддржи нејзиното одобрување. За жал, во текот на изминатата година Република С.Македонија се впушти во дипломатска и медиумска кампања за дискредитирање на позициите на Република Бугарија, претставувајќи пред општеството невистинита информација во однос на бугарската позиција.
Бугарија е државата, која прва во светот ја призна независноста на Република Македонија, со што започна процесот на меѓународно пртизнавање на младата тогаш држава, а низ годините и пружи помош во најтешките моменти. Таа помош ќе продолжи и натаму. Меѓутоа, Република Бугарија не прифаќа утврдувањето на идентитетот на граѓаните на Република С.Македонија да се врши во конфронтација со соседните држави и на штета на нејзините национални интереси.
Поаѓајќи од својата одговорност да не внесува отворени прашања во рамки на ЕУ и да ги штити нејзините интереси, вредности и авторитет, Република Бугарија ќе продолжи да бара трајни решенија, кои ќе овозможат натамошен развој на двостраните односи и оптимален процес на прегтовори на Република С.Македонија со ЕУ, се вели во ракцијата на бугарското МНР.