Под мотото „Мултиетничност или премолчен бинационализам”, денеска Здружението Национален Ромски Центар го одбележа Меѓународниот ден на човекови права – 10 Декември.
На прес-конференцијата во паркот Жена борец во Скопје, од Здружението ги изразија своите ставови и согледувања во однос на пристапот на правата, дискриминацијата и нивните согледувања за вклучување на ромската заедница во процеси кои се од фундаментално значење за соживот, мултиетничност и ЕУ интеграции.
– Сакаме да споменеме дека 10 декември, како Меѓународен ден на човековите права, кој е утре, треба да значи економска стабилност, домување, здравство, право на слобода на движење, право на говор и право да бидеме дел таму каде што сакаме, не само во оваа држава, туку и во светот, порачаа од здружението.
Здружението Национален Ромски Центар оваа година одбележува 15 години од своето постоење.