Спасовски: Приведени осум лица во акцијата од Арачиново

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска рече дека до сега се приведени осуммина по дводневната акција во Арачиново и Горно Мојанци по украдените два тони канабис од фабрика во валандовско Јосифово.

– Приведените се онамо каде што треба да бидат. Во суд, во обвинителство, во притвор. Секако дека ќе има притвор за нив затоа што се работи за недозволена трговија и шверц на дрога. Сите ќе бидат притворени, рече Спасовски.

Тој рече дека се уште МВР нема да излезе со целосен извештај од акцијата, затоа што истрагата и натаму трае и може да биде загрозена со изнесување на повеќе детали во јавноста.

На прашањето зошто фармата во валандовско било слабо обезбедена, тој рече дека за секој производител на канабис е пропишана и заштита со техничко и физичко обезбедување, како и системот на контрола.

– Ние вршиме контрола само како работат агенциите за обезбедување, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави