Холивудскиот актер Арми Хамер е обвинет дека е канибал и садист откако во јавност излегоа низа пораки кои наводно ги испраќал на неколку жени. Иако пораките не се верификувани, жените кои ги објавија пораките споделија и приватни фотографии кои наводно им ги пратил актерот, пренесе Daily Mail.
Хамер стана главна тема на Twitter по серијата објавени експлицитни пораки на Instagram, кои наводно ги испратил на некоја жена, а се објавени анонимно од сега веќе приватниот профил House of Effie.

„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена, вели: „Морам да испијам твојата крв“.
Во некои пораки кон жената се обраќа како на робинка и вели дека „сака да ѝ исече прст од нозете“, но изразува и желба за доминација над неа.

Засега, Арми се нема обратено во јавност по повод овие контроверзни коментари. Наводните пораки на 34-годишниот актер не се верификувани, но негативните реакции не стивнуваат…
Преземено од Кајгана